Основи наБиблијата
Студија 2: Божјиот Дух
Дефиниција | Вдахновение | Дарови на Светиот Дух | Повлекувањето на даровите | Библијата единствениот авторитет | Цигресии (Дали е Светиот Дух личност?, Принципот на олицетворување, Калвинизам, ‘и ќе примите дар од Светиот Дух’, ‘А знаците на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие’) | Прашања

2.1 Божјиот Дух: дефиниција

Пошто Бог е вистинска, суштествена особа која према тоа има чувства и емоции, за очекување е дека би нашол начин за споделување на Своите желби и чувства со нас, Неговите деца, и за делување во нашите животи на начин кој би бил во согласност со Неговиот карактер. Бог ги прави сите тие работи со Својот ‘дух’. Ако сакаме да го познаваме Бога и да имаме активен однос со Него, треба да знаеме што е овој "дух Божји" и како тој работи.

Не е лесно да се објасни точно што зборот ‘дух’ значи. Ако сте биле на свадба, на пример, можете да коментирате: "таму имаше еден навистина добар дух!" Со ова мислите дека атмосферата беше добра, дека се околу свадбата беше добро; сите беа елегантно облечени, храната беше добра, луѓето беа учтиви меѓу себе, невестата беше прекрасна, и.т.н. Сите овие различни работи го сочинуваа ‘духот’ на свадбата. Слично така духот Божји некако сумира се околу Него. Еврејскиот збор преведен ‘дух’ во Стариот завет строго значи ‘здив’ или ‘сила’ на овој начин Божјиот дух е Неговото ‘дишење’ самата суштественост Божја, што Му ја одразува свеста. Ние ќе дадеме примери како зборот ‘дух’ се користи во врска со нечија свест или склоност во студија 4.3. Дека духот не се однесува само на голата сила Божја е јасно од Рим.15:19: "со силата на Божјиот Дух".

Вообичаено библиско учење е дека размислувањето на човекот е изразено во неговите дела (Изрек.23:7; Мт.12:34); еден мал осврт врз нашите сопствени дела ќе го потврди ова. Ние мислиме за нешто и потоа го правиме. Нашиот 'дух' или свест можат да го одразат фактот дека сме гладни и посакуваме храна. Гледаме една банана во кујната; таа желба е од 'духот' потоа преведена во дело- посегнуваме по бананата, лупиме и ја јадеме. Овој едноставен пример покажува зошто еврејскиот збор за 'дух' значи и здив или свест, и сила исто така. Нашиот дух, суштественото нас, се однесува на нашите мисли и према тоа на делата кои ги вршиме за да ги изразиме тие мисли или склоности во нас. На далеку пославна скала, Божјиот дух е истиот; тој е силата со која Тој го изложува Своето суштествено битие, Својата склоност и цел. Бог размислува и према тоа прави работи: "Како што намислив, така и ќе биде; како што решив така и ќе стане" (Иса.14:24).

Многу пасуси јасно го поистоветуваат Божјиот дух со Неговата сила. За да го создаде универзумот: "Духот Божји лебдеше над водата. И рече Бог: Нека биде светлина! И би светлина" (Бит.1:2,3).

Божјиот дух беше силата со која што сите работи, пр. светлината беа направени. "Неговиот Дух му дал велелепност на небото; раката Негова ја создала искривената змија" (Јов 26:13 евр. текст). "Преку словото на Господа се зацврстија небесата и преку здивот на устата Негова- сите сили нивни (Пс.32:6). Божјиот дух е према тоа опишан како:

Негов здив

Неговото слово

Неговата рака

Према тоа со Својата сила Тој извршува се. Вака верниците се родени повторно по Божјата волја (Јв.1:13), која е по Неговиот дух (Јв.3:3-5). Неговата волја е ставена во дејство со духот. Во говорот за севкупното природно создание, читаме, "Го праќаш ли духот Свој- се создаваат; Ти го обновуваш лицето на земјата" (Пс.103:30). Овој дух/сила е исто така содржината на сите работи, како и средствата на нивното создание. Лесно е да се мисли дека овој трагичен живот се препнува натака без активниот влог на Божјиот дух. Јов, еден човек кој стана истрошен од овој живот беше потсетен на тоа од еден друг пророк "Ако (Бог) го земе при себе неговиот дух и неговиот здив; секое тело заедно ќе загине, и човекот повторно ќе се врати во прав" (Јов 34:14,15 евр. текст). Оттргнувајќи се од слична депресивност, Давид го праша Бога да продолжи да го поддржува со овој дух, т.е. да го заштити неговиот живот (Пс.50:12).

Ние ќе видиме во студија 4.3 дека духот даден на нас и сето создание е она што го содржи нашиот живот. Ние го имаме "здивот на животниот дух" во нас (Бит.7:22) даден на нас од Бога при раѓањето (Пс.103:30; Бит.2:7). Тоа го прави Него "Бог на духовите и на секое тело" (Бро.27:16 ср. Евр.12:9). Бидејќи Бог е животната сила која го одржува сето создание, Неговиот дух е присутен секаде. Давид увиде дека преку Својот дух Бог беше постојано присутен со него каде и да одеше, и преку тој дух/сила го знаеше секој агол од Давидовиот ум и размислување. На овој начин Божјиот дух е средството со кое Тој е присутен насекаде, иако Тој лично е сместен на небото.

"Ти знаеш кога седнувам и кога станувам; Ти оддалеку ги разбираш мислите мои... Каде да отидам од Твојот дух; и од лицето Твое каде да побегнам? Ако... се преселам на крајот од морето, - и таму... Твојата десница рака (т.е. преку духот) ќе ме држи" (Пс.138:2,7,9,10).

Исправното разбирање на оваа тема ни го открива Бога како едно силно активно битие. Многу луѓе одраснале со магливо 'верување' во Бога, но во стварност 'Бог' е само поим во нивната свест, црна кутија во дел од мозокот. Разбирањето за вистинскиот Бог и Неговото многу стварно присуство насекаде околу нас со Својот дух можат крајно да го променат нашиот концепт за животот. Ние сме опкружени од духот, постојано сведочиме на неговите дела, кои ни го откриваат Бога. Давид го најде охрабрувањето од сето тоа крајно зашеметувачко "Се восхитувам на Твоето знаење- тоа е превисоко, не можам да му пријдам" (Пс.138:6). Сепак одговорности доаѓаат со таквото знаење; мораме да прифатиме дека нашето промислување и делување Му се сосема познати. Како што ќе ја испитуваме нашата состојба пред Него, посебно кога размислуваме за крштевање, треба да го имаме тоа на ум. Божјите величенствени зборови до Јеремија се однесуваат и до нас: "Може ли човек да се сокрие на место тајно, каде што Јас не би го видел?- вели Господ. Зар не го исполнувам Јас (со духот) небото и земјата?" (Јер.23:24) .

СВЕТИОТ ДУХ

Ние видовме дека Божјиот дух е еден широк поим за сфаќање; тој е Неговата свест и склоност, и исто така силата со која ги претвора Своите мисли во дело. "Какви му се мислите во душата негова, таков е и тој" (Изрек.23:7); и така Бог е Неговите мисли, во таа смисла Тој е Својот дух (Јв.4:24), иако тоа не значи дека Бог не е суштествен (види Осврт 1). Да ни се помогне да се справиме со пространоста на Божјиот дух, понекогаш читаме за Неговиот "Свети Дух". Терминот "Свети Дух" може да се најде само во Новиот завет. Тоа е еднакво на старозаветните фрази "Духот Божји" или "Духот Господов". Ова е јасно од пасуси како во Дела 2, кој го бележи излевањето на Светиот Дух врз апостолите на денот на Педесетницата. Петар објасна дека тоа е исполнување на пророштвото на Јоил, во кое е опишано како, излевањето на "Мојот (Божји) Дух" (Дела 2:17). Повторно Лк.4:1 бележи дека Исус беше "Исполнет со Дух Свети" и се вратил од Јордан; подоцна во истото поглавје Исус говори за тоа дека е исполнувањето на Иса.61: "Духот на Господа Бога е врз Мене". Во двете прилики (и во многу други) Светиот Дух е еднаков со старозаветниот термин "Духот Божји".

Забележи, исто, како Светиот Дух е паралелен со силата Божја во следниве пасуси:

-"Светиот Дух ќе слегне на (Марија), и силата на Севишниот ќе те осени" (Лк.1:35)

-"Силата на Светиот Дух... со силата на знаци и чуда, со силата на Божјиот Дух" (Рим.15:13,19)

-"Нашето благовестие (проповедање) кон вас беше... со сила и со Свети Дух (1Сол.1:5)

-За ветувањето на Светиот Дух на учениците беше говорено како за нивно "облекување во сила одозгора" (Лк.24:49).

-Самиот Исус го "помаза Бог со Дух и сила" (Дела 10:38).

-Павел можеше да го поддржува проповедањето со непорекливи изложувања на Божјата сила: "И словото мое и проповедта моја... беа... во пројава на дух и сила" (1Кор.2:4).


  Back
Home
Back