Основи наБиблијата
Студија 7: Потеклото на Исус
Пророштва во Стариот завет за Исус | Девственото раѓање | Христовото место во Божјиот план | ‘Во почетокот беше Словото’ | Цигресии (Историскиот Исус, ‘Слегов од небото’, Дали Исус ја создаде земјата?, ‘Јас постојам уште пред да се роди Авраам’, Мелхиседек) | Прашања

Осврт 26: Мелхиседек

Многу ученици на Библијата рекле од срце 'Амин' на зборовите од апостол Петар кога напиша: "возљубениот наш брат Павле... во сите свои посланија, во кои има некои работи тешки за разбирање, што неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел" (2Пет.3:15,16). Тоа сигурно се применува на коментарот од Павле за Мелхиседека кој е запишан во Евреите; тој самиот призна дека оди длабоко, говорејќи за работи кои можат да се сфатат од зрели верници. Према тоа не е во ред да се темели основна доктрина врз учењето на вакви стихови; ниту би требало пасусите на Мелхиседек да се појавуваат крупно во умот на оние кои уште ги учат основните учења на Писмото.

"Тој Мелхиседек беше цар Салимски (Ерусалим), свештеник на Севишниот Бог, кој што го пресретна Авраама, кога се враќаше од борбата со царевите, и го благослови" за кого се говори дека е "без татко, без мајка, без род (родословје), немаше ни почеток на дните, ниту крај на животот, и по таков начин е уподобен на Синот Божји" (Евр.7:1,3). Од ова е расправано од некои дека Исус дословно постоел пред своето раѓање, и према тоа немал човечки родители.

Исус имал татко (Бог) и мајка (Марија) и родословје (види Мт.1, Лк.3 и ср. Јв.7:27). Затоа 'Мелхиседек' не може да се однесува за него лично. Покрај тоа Мелхиседек беше "уподобен на Синот Божји" (Евр.7:3); тој не беше самиот Исус, но имаше одредени сличности со него кои се користени од писателот за поучни цели. "Кога се воздига слично на Мелхиседека друг свештеник", Исус (Евр.7:15), кој беше поставен свештеник "по чинот Мелхиседеков" (Евр.5:5,6).

Јазикот во Евреите за Мелхиседек напросто не може да се земе буквално. Ако Мелхиседек буквално немал татко или мајка, тогаш единствената особа која тој можеше да биде беше Самиот Бог; Тој е единствената личност без почеток (1Тим.6:16; Пс.89:2). Но ова е забрането од Евр.7:4: "Гледате ли колку е голем оној" човек, и исто така со фактот дека бил гледан од луѓе (а Бог не може да биде) и нудел жртви на Бога. Ако е тој наречен човек, тогаш морал да има буквално родители. Тоа што е "без татко, без мајка, без род" мора да се однесува на фактот дека неговото педигре и родители се незабележани. Родителите на царицата Естира не се запишани, па така и нејзината позадина е опишана на сличен начин. Мардохеј "ја воспитуваше... Естир- ќерка на чичко му, бидејќи таа немаше ни татко ни мајка... а по смртта на татка и, Мардохеј ја прибра при себеси место ќерка" (Естир 2:7).

Книгата на Битие обично нашироко и надолго ги претставува семејните позадини на сите карактери кои ни ги нуди. Но Мелхиседек се појавува на сцената ненајавен, без запис за неговите родители, и исчезнува од приказот со еднаква ненадејност. Сепак нема сомнение дека заслужуваше многу големо уважување; дури големиот Авраам му плаќаше десеток, и беше благословен од него, јасно покажувајќи ја превласта на Мелхиседека врз Авраам (Евр.7:2,7).

Павле не прави само душевна вежба со Писмото. Имаше еден многу реален проблем во 1 век што аргументот на Мелхиседек можеше да го реши. Евреите расудуваа: 'Вие христијани ни велите дека овој Исус сега може да ни биде првосвештеник, кој ќе ги нуди нашите молитви и дела горе на Бога. Но еден свештеник мора да има познат родослов. И секако, сами признавате дека Исус бил од племето на Јуда (Евр.7:14). Жалиме, за нас Авраам е нашиот врвен лидер и пример (Јв.8:33,39), и нема да го почитуваме овој Исус '.

На што Павле одговара:

'Но сетете се на Мелхиседека. Записот на Битие е составен да покаже дека таков еден голем свештеник немал никаков родослов; и Месијата ќе биде и двете, цар и свештеник, чие свештенство е по угледот на Мелхиседек (Евр.5:6 ср. Пс.109:4). Авраам беше подреден на Мелхиседека, па вашето истакнување треба да го свртете од Авраама на Исуса, и престанете да му придавате толку важност на прашањето за родословот (види 1Тим.1:4). Ако размислувате за тоа колку е Мелхиседек еден вид Исус (т.е. деталите на неговиот живот посочуваа на него), тогаш ќе имате поголемо разбирање за делото Христово '.

И ние можеме да ја сфатиме таа лекција за нас.


  Back
Home
Next