Основи наБиблијата
Студија 7: Потеклото на Исус
Пророштва во Стариот завет за Исус | Девственото раѓање | Христовото место во Божјиот план | ‘Во почетокот беше Словото’ | Цигресии (Историскиот Исус, ‘Слегов од небото’, Дали Исус ја создаде земјата?, ‘Јас постојам уште пред да се роди Авраам’, Мелхиседек) | Прашања

Осврт 22: Историскиот Исус

Ако, како што тврдат некои, нема никаков доказ дека Исус од Назарет некогаш постоел, тогаш самото постоење на христијанството е тешко да се објасни. Премногу се бара во очекувањето да се поверува дека милиони луѓе низ последниве 2000 години ги темелеле своите верувања врз некој кој никогаш не постоел, и дека имале таква една упорна вера во него што беа поттикнувани да ја шират својата вера во него ширум светот, често со ризик на прогонство и смрт. Христијаните и Евреите општо немаат никаква потешкотија да прифатат дека Мухамед еднаш живеел, додека ги отфрлаат неговите тврдења и учење. Всушност ние прифаќаме дека повеќето славни историски личности постоеле без барањето за критички осврт врз доказите. Чести анализи се правени на широко прифатените историски настани, пр. битката на Хастингс беше во 1066 и релативно е тешко пронаоѓањето цврсти докази.

Фактот дека некои толку упорно го порекнуваат самото постоење на Исус од Назарет сигурно докажува една претерана реакција, желба да се изнајде пригоден изговор за несоочување со причините за прифаќањето на неговото Месијанство. Ова се јавува поготово навистина кога ќе се сфати дека самите рани Евреи прифатиле дека една личност по име Исус постоела во 1 век. Следниве историски докази за постоењето на Исус од Назарет покажуваат дека на никако не може да биде отфрлен како една теолошка човечка измислица. Многу информации кои помагаат во овој оддел беа собрани од 'Древни докази за животот на Исус' од Gary Habermas.

1) Тацит беше римски историчар чии две поголеми книги околу 1 век ("Анали" и "Истории") и двете го спомнуваат Исуса и христијанството. Тој напиша во "Анали"-те (околу 115 н.е.):

"Класа омразена поради своите одвратности, наречени христијани од населението, Христос, од кого и води потекло името, пострада во строгата казна за време на владеењето на Тиберије од рацете на еден од нашите прокуратори, Понтије Пилат".

Императорот Тиберије владееше од 14-37 н.е. за чиј период Христос беше убиен, према овој запис. Тацит исто така опишува како верувањата на таа група "Надојдоа не само во Јудеја, првиот извор (на овие идеи), туку и во Рим", и продолжува со описот како христијаните беа нашироко мразени, и многу ставени на смрт во Рим. Сето тоа се сложува со новозаветниот запис на Исус, учениците и апостолите прво го ширеа своето учење во Јудеја, и потоа низ целиот римски свет, вклучувајќи го и Рим, со голем отпор кон нив.

2) Светониј, друг римски историчар, коментираше во владеењето на Клавдиј (41-54 н.е.): "Бидејќи Евреите во Рим прават постојани немири поттикнувани од Хрестус, тој (Клавдиј) ги истера од градот". "Хрестус" е друго пишување за ‘Христос’. Случајно, Дела 18:2 опишува како една еврејска двојка Акила и Прискила мораа да го напуштат Рим поради прогонството на Евреите. Светониј коментира подоцна за прогонството на христијаните во времето на Нерон: "По големиот пожар на Рим... Казните беа нанесувани и на христијани, секта која исповедува едно ново пакосно религиозно верување". Оваа препорака за постоењето на група наречена ‘христијани’ во 1 век предлага дека една личност по име ‘Христос’ постоела порано во тој век.

3) F.F Bruce ("Потеклото христијанско" стр.29,30) привлекува внимание кон фактот дека има препораки за историјата на источниот Медитеран пишувана од историчарот Талиј околу 52 н.е. Bruce покажува на друго место ("Новозаветни документи", стр.113) дека еден научник Јулиј Африканиј цитирал од Талиј, и се потсмевал на описот за темницата при распетието на Исус, дека се должело на помрачување на сонцето. Тоа предлага дека Талиј пишувал на сметка на распнувањето на Исус, кое беше неколку години пред тој да ја напише неговата историја во 52 н.е.

4) Плиние, римски владин службеник, на долго го споменува постоењето на една многу активна група луѓе наречени христијани во подоцнежните денови на 1 век. За нивното држење на помен служба вели: "Имаа навика на состанување во одредено предвиден ден пред да се раздени, кога пееја во наизменични стихови химна на Христа" ("Писма од Плиние", преведени од W. Melmoth, vol.2, X:96). Римските императори и Трајан и Адријан го спомнаа проблемот за справување со христијаните. За тие препораки, види "Писмата на Плиние" vol.2, X:97 односно Eusebius' Ecclesiastical History, IV:IX. Постоењето на таа група уште од 1 век и нивната необична истрајност за време на прогонството предлага дека тие беа следбеници на една вистинска историска личност која живеела во 1 век.

5) Талмуд-от, еврејска света книга, во Санхедрин 43а говори за смртта на Исус. Дадено е на знаење дека овој дел од Талмуд-от датира од раниот период на составувањето на таа книга (т.е. 70-200 н.е.):

"Вечерата за Пасха Јешу (Исус) беше обесен. За четириесет дена пред да настане извршувањето, еден гласник појде и викаше, 'Тој ќе биде каменуван бидејќи практикуваше волшебништво и го одвлече Израел во отпадништво. Секој што може да каже нешто во негова одбрана, нека истапи во негова корист.' Но бидејќи ништо не беше изнесено во негова корист тој беше обесен вечерта за Пасха".

‘Обесен’ може да биде идиом за распетие- така е користено во Новиот завет (Гал.3:13; Лк.23:39 (‘виси’). Овој пасус опишува дека Евреите сакале да го каменуваат Исуса (согласно Мојсеевиот закон, веројатно?), но вели дека всушност бил обесен. Објаснувањето за тоа е дадено од описот во Новиот завет, дека Евреите морале да го применуваат римскиот закон во извршување на смртта на Исус- што би било со бесење.

Санхедрин 43а исто објаснува како пет ученици од Исус беа судени и осудени на смрт, повторно покажувајќи дека Евреите по обичај верувале во постоењето на историскиот Исус. Санхедрин 106б дури вели дека Исус бил 33 години кога умре; точно колку и побарува Новиот завет. Maier ("Првиот Велигден", стр.117,118) го цитира еврејскиот документ од 5 век "Toledoth Jesu", кој тврди дека неговите ученици се обиделе да го украдат телото на Исус после неговата смрт, но еден градинар по име Јуда слушнал за нивните планови и го преместил телото на Исус на друго место, и покасно им го предал на Евреите. Justin Martyr пишувајќи во 150 н.е. бележи дека Евреите испратиле посебни гласници да тврдат дека телото на Исус било украдено ("Дијалог со Трипио", 108), и Тертулијан ("На спектакли", 30) има сличен приказ кога пишуваше во 200 н.е.

Помеѓу нив овие докази покажуваат дека Евреите од раните векови на н.е. верувале во постоењето и насилната смрт на историскиот Исус.

6) Грчкиот драматург Лукијан, пишувајќи во вториот век се подбива со христијаните кои "обожаваат еден човек до ден денес (кој) беше распнат" (Лукијан, Смртта на Перегрин 11-13 во ‘Делата на Лукијан’ vol.4 преведено од Fowler i Fowler<).

7) Јосифиј е најпознатиот историчар на 1 век. Во неговата "Антиквитети", пишувана во 90-95 н.е., го спомнува Јакова, "братот на Исус, кого го викаа Христос". Тој исто говори во друг оддел на истата книга во изрази кои јасно ја потврдуваат новозаветната слика на Исус:

"Отприлика во ова време Исус, еден мудрец... зашто правеше изненадувачки подвизи... Тој беше Христос... Тој им се појави жив третиот ден, како што претскажаа вдахновените пророци за ова и десет илјади други чудесни работи во врска со него".

Така показателен е овој пасус што некои тврдеа дека е вметнат. Дека се уште има причина за користење на овој пасус во поддршка на расправата оти имало човек Исус од Назарет кој живеел во 1 век е снабдено со следниве разгледувања:

-Евсибиј (Ecclesiastical History, 1:XI) го цитира овој оддел од Јосифиј.

-Угледни научници го поддржуваат првото читање дека е изворно, и можат да покажат дека тој оддел е напишан во истиот стил како и остатокот од делото на Јосифиј (види Daniel Rops, ‘Молкот на Исусовите современици’ стр.21; J.N.D. Anderson, ‘Христијанството: сведок на историјата’ стр.20; F.F. Bruce, "Новозаветни документи" стр.108,109).

-Нема никаков текст во доказ дека ова вметнато.

-Професор Shlomo Pines тврди дека арапската едиција на делата на Јосифиј беше пронајдена скоро сигурно за изворна. Пасусот посочен погоре се појавува таму, но без јасните научни изјави за воскресението и Месијанството на Исус, кои беа направени во извадокот даден погоре. Тоа е логично, бидејќи Јосифиј беше Евреин. Pines прво ги обелодени своите наоди во "The New York Times", фев. 12 1972, во кое го цитира расправаниот пасус на Јосифиј од арапската верзија: "Во ова време имаше еден мудрец по име Исус. Добро воспитан и познат по беспрекорноста. И многу луѓе меѓу Евреите и другите народи станаа негови ученици. Пилат го осуди на распетие и смрт. И оние кои му беа ученици не го напуштија неговото учење. Тие известија дека им се појавил три дена по распетието и дека бил жив; според тоа, можда беше односниот Месија за кого пророците раскажуваа чуда".

Овој приказ прекрасно се совпаѓа со оној од Новиот завет.


  Back
Home
Next