Основи наБиблијата
Студија 11: Животот во Христа
Вовед | Светост | Употреба на сила | Политика | Светски задоволства | Библиско проучување | Молитва | Проповедање | Живот во еклезијата | Кршење леб | Брак | Дружење | Прашања

11.2.3 СВЕТСКИ ЗАДОВОЛСТВА

Поради недостаток на вистински однос со Бога и стварна надеж за иднината, светот измисли безброј врсти на задоволства. Оние кои бараат да го задоволат телото треба да се избегнуваат од оние кои се обидуваат да развијат духовна свест. "Телото сака противни работи на духот, а духот- противни на телото" (Гал.5:17). Поради таа основна спротивност, неможно е да се расудува дека можеме да се предадеме на телото а исто така да тврдиме дека го следиме Духот. Светот е составен од "похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот" (1Јв.2:16). "Кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога" (Јак.4:4). Да се има светски пријатели, гледањето светски филмови итн. е ‘пријателување со светот’. Желбите на светот наскоро ќе поминат, и оние кои биле на негова страна сега ќе поминат со него (1Јв.2:15-17). "Безбожниот свет (т.е. општество)" ќе биде уништен од II доаѓање (2Пет.2:5), бидејќи "целиот свет лежи во зло" (1Јв.5:19). Ако сакаме да го избегнеме тоа уништување, треба да не сме "од светот" (Јв.17:16 ср. Отк.18:4).

Многу од светските начини за удоволување на телото го нудат тоа по цена на телесното здравје: пушење, дрогирање и неумереното пиење се примери за тоа. Нашето физичко здравје, нашите пари, всушност се што имаме му припаѓа на Бога. Према тоа не сме слободни да ги користиме тие работи како што сакаме, туку треба да се однесуваме како управници на она што ни дал Бог. Од нас ќе се побара сметка за нашето управување со нив при судот (Лк.19:12-26). Навиките како пушењето и пиењето се злоупотреба и на нашите пари и на нашето здравје. "Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас? Ако некој го разори Божјиот храм, него Бог ќе го разори... вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас... не припаѓате само на себеси. Скапо сте купени. Затоа прославете Го Бога во своите тела" (1Кор.3:16,17; 6:19,20). Злоупотребата на телото преку навики како пушењето е значи озбилна работа.

Сепак, познато е дека ако тие навики постоеле веќе пред обраќањето, може да е невозможно да се прекинат веднаш. Она што се очекува е едно признавање дека навиката е лоша, и да се направи еден вистински обид за прекинување. Животните стресови треба да се дочекуваат со помош на Словото Божјо и молитва, а не со некаков човечки облик на опуштање.


  Back
Home
Next