Основи наБиблијата
Студија 9: Победата на Исус
Победата на Исус | Крвта на Исус | Понудата за нас и за самиот себе | Исус како наш претставник | Исус и законот Мојсеев | Саботата | Цигресии (Распетието, Дали Исус се роди на 25 декември?) | Прашања

Осврт 29: Дали Исус се роди на 25 декември?

Уште една голема грешка на народното христијанство е роденденот на Исус. Овчарите спиеја во полињата со своите стада во времето на Христовото раѓање (Лк.2:8); тие не би го правеле тоа за време Божиќ, во зима. Христос живееше 33.5 години и потоа умре за празникот Пасха, кој е за Велигден. Тој мораше према тоа да е роден шест месеци од другата страна на Велигден- т.е. околу септември/октомври.

25 декември изворно беше датумот на еден пагански празник во претхристијанска Европа. Делата Апостолски бележат како вистинските христијани беа непријатно прогонувани од паганите поради своите верувања. Повремено апостолите предупредуваа дека поради тоа, некои христијани ќе прифатат пагански верувања, за да им се овозможи да ја прилагодат својата религија на околните паганци (пр. Дела 20:30; 1Јв.2:18; 2Сол.2:3; 2Пет.2:1-3). Прифаќањето на 25 декември како христијански празник е основен пример. Божиќните елки, имелата и.т.н сите можат да се следат наназад до паганските обреди практикувани на 25 декември.

Од ова следува дека вистинските христијани не треба да го прославуваат раѓањето Христово на 25 декември. Во пракса, вистинските верници ќе ги искористат повеќето народни празници, пр. Божиќ, за заедничко дружење каде и да било можно.