Основи наБиблијата
Студија 6: Бог и зло
Бог и зло | Ѓаволот и сатаната | Демони | Цигресии (Вештерство, Што се случи во Едем?, Луцифер, Искушенијата на Исус, ‘Војна на небото’) | Прашања

6.2 Ѓаволот и сатаната

Некогаш изворните зборови од библискиот текст се оставени непреведени ("Мамон" во Мт.6:24, е еден арамејски пример за тоа). Како збор 'сатана' е еден непреведен еврејски збор кој значи 'противник', а 'ѓавол' е преведен од грчкиот збор 'диаболос', и значи лажливец, непријател или клеветник. Кога би верувале дека сатаната и ѓаволот се некакво суштество кое е одговорно за гревот, тогаш кога ги читаме тие зборови во Библијата, треба да ги направиме да се однесуваат за таа зла особа. Библиската употреба на тие зборови покажува дека тие можат да бидат користени како обични придавки, кои опишуваат обични луѓе. Тој факт го оневозможува расудувањето дека зборовите ѓавол и сатана како што се користени во Библијата во својот состав говорат за една голема зла особа или суштество.

ЗБОРОТ 'САТАНА' ВО БИБЛИЈАТА

Во 3Цар.11:14 стои дека "Господ му воздигна на Соломона противник (истиот еврејски збор друго место преведен "сатана")- идумеецот Адада". "Господ крена против Соломона и друг противник (и друг сатана)- Резона... тој беше противник (сатана) на Израилот" (3Цар.11:23,25). Ова не значи дека Бог направил натприродна особа или ангел да му биде сатана /противник на Соломона; Тој кренал обични луѓе. Мт.16:22,23 дава друг пример. Петар се обидуваше да го разувери Исуса од одењето во Ерусалим да умре на крстот. Исус се заврте и му рече на Петар: "Бегај од Мене, сатано!... оти мислиш не за она што е Божјо, а за она што е човечко". Така Петар беше наречен сатана. Записот е многу јасен дека Христос не говореше со ангел или чудовиште кога го рече тоа; тој говореше со Петар.

Бидејќи зборот 'сатана' значи само противник, и добра особа, па и Самиот Бог, може да се нарече 'сатана'. Во суштина нема никаква нужна грешност во зборот сам по себе. Грешните конотации кои ги има зборот 'сатана' се делумно должни на фактот, што нашата грешна природа ни е најголемиот 'сатана' или противник, а исто и заради употребата на зборот во обичниот говор да се посочува на нешто поврзано со грев. Самиот Бог може да биде сатана за нас со тоа што ни носи неволји во животот, или со тоа што ни стои на патот и погрешниот смер од делото кон кое стремиме. Но фактот дека Бог може да се нарече ‘сатана’, не значи дека Тој лично е грешен.

Книгите на Самуил и Летописите се еднакви прикази на истите случаи, како што се и четирите евангелија записи на истите настани, но користат поинаков јазик. Во 2Цар,24:1 стои: "Гневот Господов пак се разгори против Израилците и го поттикна" Давида да изврши попис во Израел. Еднаквиот приказ во 1Лет.21:1 вели "се крена сатаната против Израилот и го поттикна Давида" да изврши попис. Во еден пасус Бог го прави поттикнувањето, а во другиот сатаната. Единствениот заклучок е дека Бог дејствуваше како ‘сатана’ или противник на Давид. Тој истото го направи и на Јов со донесувањето неволји во неговиот живот, така да Јов рече за Бога: "Ти стана жесток према мене, со силна рака ме поразуваш" (Јов 30:21), ‘се однесуваш како сатана против мене’, беше она што во основа го велеше Јов.

ЗБОРОТ 'ЃАВОЛ' ВО БИБЛИЈАТА

Слично и со зборот 'ѓавол'. Исус рече, "Нели ве избрав вас дванаесет, и еден од вас е ѓавол? Тој говореше за Јуда Искариот" кој беше еден обичен смртник. Тој не говореше за суштество со рогови, или таканаречено 'духовно битие'. Зборот ѓавол овде едноставно се однесува на зол човек. 1Тим.3:11 нуди друг пример. Сопругите на црковните старешини да не бидат "клеветнички", изворниот грчки збор овде е 'диаболос', што е истиот збор преведен 'ѓавол' на други места. Така Павле го предупредува Тита возрасните жени во црковниот собор "да не клеветат" или да не бидат 'ѓаволи' (Тит 2:3). Исто така му рече на Тимотеја (2Тим.3:1,1) дека "Во последните денови... луѓето ќе станат... клеветници (ѓаволи)". Тоа не значи дека човечките суштества ќе се претворат во натчовечки суштества, туку дека ќе се полоши. Треба да е прилично јасно од сето ова дека зборовите 'ѓавол' и 'сатана' не се однесуваат за паднат ангел или за грешно битие.

ГРЕВ, САТАНА И ЃАВОЛОТ

Зборовите 'сатана' и 'ѓавол' се користени сликовото за да ги опишат природните грешни склоности во нас за што говоревме во студија 6.1. Тие се нашите главни 'сатана' или противник. Тие се и олицетворени, и како такви за нив може да се говори како за 'ѓаволот'- нашиот непријател, клеветник на вистината. На тоа личи нашиот природен 'човек'- на самиот ѓавол. Поврзаноста меѓу ѓаволот и нашите зли желби- внатрешниот наш грев- е објасната во неколку пасуси: "бидејќи децата (ние) се учесници во телото и крвта, тоа и (Исус) зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта (негова) да го победи оној, што ја има власта над смртта, односно ѓаволот" (Евр.2:14). Ѓаволот е овде опишан како да е одговорен за смртта. Но "платата што ја дава гревот, е смрт" (Рим.6:23). Затоа гревот и ѓаволот мора да се паралелни. Слично Јак.1:14 вели дека нашите зли желби не искушуваат, не водат кон грев и со тоа во смрт; но Евр.2:14 вели дека ѓаволот носи смрт. Истиот стих вели дека Исус ја имал нашата природа за да го уништи ѓаволот. Спореди го тоа со Рим.8:3: "Бог испраќајќи Го Синот Свој во тело, слично на телото од гревот (т.е. во наша човечка природа), и поради гревот Он го осуди гревот во телото". Тоа покажува дека ѓаволот и грешните склоности кои се природно во човечката природа делотворно се исто. Од голема важност е да се разбере дека Исус бил искушуван исто како нас. Погрешното разбирање на учењето за ѓаволот значи дека не можеме исправно да ја сфатиме природата и делото на Исус. Единствено зашто Исус ја имаше нашата човечка природа- 'ѓаволот' внатре во него- можеме да имаме надеж за спасение (Евр.2:14-18; 4:15). Со совладувањето на желбите на својата природа, библискиот ѓавол, Исус можеше да го уништи ѓаволот на крстот (Евр.2:14). Ако ѓаволот е едно свесно битие, тогаш повеќе не би постоел. Евр.9:26 вели дека Христос беше објавен "за да го премавне гревот, откако се принесе" во жртва. Евр.2:14 парира на ова со изјавата дека преку смртта Христос го уништи ѓаволот во себе. Со својата смрт Исус во перспектива го уништи "телото на гревот" (Рим.6:6), т.е. човечката природа, гревот се откри во (обликот на) самото наше тело.

"Кој прави грев, од ѓаволот е" (1Јв.3:8), бидејќи гревот е резултат на допуштање на нашите природни зли желби (Јак.1:14,15), кои Библијата ги нарекува 'ѓавол'. "Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне делата ѓаволски" (1Јв.3:8). Ако сме во право велејќи дека ѓаволот е нашите зли желби, тогаш делата на нашите зли желби, т.е. исходот нивни, се нашите гревови. Тоа е потврдено од 1Јв.3:5: Исус "се јави, за да ги земе гревовите наши". Тоа потврдува дека "гревовите наши" и "делата ѓаволски" се исти. Дела 5:3 нуди друг пример во оваа врска меѓу ѓаволот и нашите гревови. Петар му вели на Ананија: "Зошто го исполни сатаната срцето твое?" Потоа во стих 4 Петар вели "Зошто вложи во срцето свое таква работа?" Вложувањето нешто лошо во нашето срце е исто што и сатаната да го ни го полни срцето. Ако самите зачнеме нешто, пр. грешен план, тогаш тој започнува внатре во нас. Ако една жена зачне дете, тоа не постои надвор од неа; почнува внатре во неа. Јак.1:14,15 ја употребува истата форма во опишувањето како нашата похот зачнува и раѓа грев, кој раѓа смрт. Пс.108:6 прави паралела помеѓу грешник и 'сатана': "постави над него грешник, и ѓаволот (изв. текст ‘сатаната’) да застане десно од него", т.е. со власт врз него (ср. Пс.109:1).

ОЛИЦЕТВОРУВАЊЕ

Сепак, може логично да се рече: "Но тоа говори како ѓаволот да е особа!" Тоа е прилично точно, Евр.2:14 говори за "оној, што ја има власта над смртта, односно ѓаволот". Дури и малку библиско читање покажува дека олицетворувањето е често користено- кога се говори за една замислена идеја како да е особа. Така, Изрек.9:1 говори за една жена наречена 'Премудрост' како гради куќа, и Рим.6:23 го поистоветува гревот со господар што отплатува со смрт. Таа појава е повеќе расправана во Осврт 5. Нашиот ѓавол, 'диаболос', често ги претставува нашите зли желби. Сепак не може да се има замислена ѓаволштина; злите желби кои се во човечкото срце, не можат да постојат освен во човекот; затоа 'ѓаволот' е олицетворен. Гревот е често олицетворуван како господар, (Рим.5:21; 6:6,17; 7:3). Разбирливо е, затоа дека и 'ѓаволот' е олицетворен, бидејќи 'ѓаволот' исто се однесува на гревот. Слично, Павле говори за нас, дека имаме две битија, како да се внатре во нашето тело (Рим.7:15-21): телесниот човек, 'ѓаволот', се бори со духовниот. Сепак е јасно дека нема две дословни, живи особи кои се борат внатре во нас. Тој грешен дел од нашата природа е олицетворен како "лукавиот" (Мт.6:13)- библискиот ѓавол. Истата грчка фраза преведена ‘лукавиот’ тука е преведена ‘лошиот’ во 1Кор.5:13, покажувајќи дека кога некој ќе се оддаде на грев, ‘лукавиот’, тој самиот, постанува ‘лош‘, или 'ѓавол'.

'ЃАВОЛОТ' И 'САТАНАТА' ВО ПОЛИТИЧКА СМИСЛА

Зборовите 'ѓавол' и 'сатана' се исто користени за опишување на лошиот, грешен светски поредок во кој живееме. Социјални, политички и псеудорелигиозни хиерархии на човештвото, за кои може да се говори со изразот 'ѓавол'. Ѓаволот и сатаната во Новиот завет често се однесуваат на политичката и социјална сила на еврејскиот или римскиот систем. Така ние читаме за ѓаволот дека фрла верници во затвор (Отк.2:10), а се однесува на римските власти кои затвораа верници. Во истиот контекст читаме за црквата пергамска дека е сместена кај што беше седиштето или престолот на сатаната - т.е. управата на една римска колонија во Пергам, каде што имаше исто така и една група на верници. Не можеме да кажеме дека самиот сатана, ако постои, дека има свој престол во Пергам.

Поединечниот грев е опишан како прекршок против Божјиот закон (1Јв.3:4). Но гревот изразен колективно, како политичка или социјална сила спротивставена на Бога, е многу посилна одколку поединечниот, понекогаш таа колективна сила е олицетворена во моќно битие наречено ѓавол. Во таа смисла Иран и другите исламски сили ги нарекуваа Соединетите Држави, "големиот сатана"- т.е големиот противник на нивната кауза, во политички и религиозни израз. Така се зборовите 'ѓавол' и 'сатана' често користени во Библијата.

Во заклучок, веројатно е вистина да се каже дека по тоа прашање, повеќе него по било кое друго, е важно да го основаме нашето разбирање врз урамнотежен поглед на целата Библија, наместо градењето масивни доктрини врз неколку стихови кои содржат фрази-стапици кои навидум говорат за општите верувања кои се однесуваат на ѓаволот. Студија 6.1 и овој дел ќе го исплатат внимателното прочитување. Подложно е дека научното гледиште подвлечено таму е единствениот пат за добивање разумно разбирање на сите пасуси. кои се однесуваат на ѓаволот или сатаната. Овие зборови можат да бидат користени како обични придавки, или на некои места се однесуваат на гревот кој е втемелен во нашата човечка природа. Некои од најчесто погрешно разбраните пасуси кои се цитирани во поддршка на народните идеи се земени во предвид во Освртите од во оваа студија.

Оние кои имаат проблеми во прифаќањето на нашите заклучоци треба да се прашаат: 1) Дали е гревот олицетворен? Јасно дека е. 2) Дали е вистина дека 'сатана' може да се користи само како придавка? Да, вистина е. Каков проблем всушност, може да има во прифаќањето дека гревот е олицетворен како наш непријател/сатана? Светот е често олицетворуван во писмата на Јован и евангелието; каква подобра титула за тоа олицетворување од 'сатана' или 'ѓавол' ?


  Back
Home
Next