Основи наБиблијата
Студија 4: Бог и смрт
Природата на човекот | Душата | Духот на човекот | Смртта е бесвесност | Воскресението | Судот | Местото на награда: небесата или земјата? | Одговорноста кон Бога | Пекол | Цигресии (Чистилиште, Духови и препородување, Со каква природа сме воскреснати?, Опфатеност) | Прашања

4.9 Пекол

Народното поимање за пеколот е дека е место на казна за злите 'бесмртни души' после смртта, или место за мачење на оние кои се одбиени од судот. Наше убедување е дека Библијата учи, дека пекол е гроб, каде што сите луѓе одат по смртта.

Изворниот еврејски збор ‘шеол’ кој е преведен 'пекол' значи 'покриено место'. ‘Пекол’ е нашата верзија за 'шеол'; така кога читаме 'пекол' ние читаме збор што е непотполно преведен. 'Капа' е дословно 'капа-к', што значи покривало за главата. Библиски, тоа 'покриено место', или 'пекол', е гроб. Има многу примери каде изворниот збор 'шеол' е преведен 'гроб'. Всушност, некои денешни библиски верзии одвај го употребуваат зборот 'пекол' и го преведуваат поправилно со 'гроб'. Неколку примери за тоа каде зборот 'шеол' е преведен 'гроб' треба да го потопат народното поимање дека пеколот е место на оган и мачење на злите:

-"нечестивите... нека замолкнат во пеколот" (шеол (Пс.30:17))- тие нема да врескаат во агонија.

-"Бог ќе ја спаси душата моја од раката на пеколот" (шеол (Пс.48:15))- т.е Давидовата душа или тело ќе воскреснат од гробот или 'пеколот'.

Верувањето дека пеколот е место на казна за злите од каде што тие не можат да побегнат, едноставно не може да усогласи со ова; еден праведен човек може да оди во пеколот (гробот) и да излезе повторно. Ос.13:14 го потврдува ова: "Од власта на пеколот (шеол) ќе ги (Божјиот народ) откупам, од смртта ќе ги избавам". Ова е цитирано во 1Кор.15:55 и се применува на воскресението по Христовото враќање. Исто и во визијата на второто воскресение (види студија 5.5), "смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив" (Отк.20:13). Забележија паралелата помеѓу смртта, т.е гробот, и пеколот (види исто и Пс.6:5).

Зборовите на Ана во 1Цар.2:6 се многу јасни: "Господ умртвува и оживува (со воскресение), кутнува наземи и крева" (евр. текст: "...кутнува в гроб (шеол) и крева).

Гледаме дека 'пекол' е гроб, и е за очекување дека праведните ќе бидат спасени од него преку своето воскреснување во вечен живот. Вака е сосема можно да се влезе во 'пекол', или гроб, и подоцна да се напушти преку воскресение. Врвниот пример е оној на Исус, дека "душата Негова нема да се остави во пеколот и дека телото Негово нема да види распаѓање" (Дела 2:31) бидејќи беше воскреснат. Забележија паралелата помеѓу Христовата 'душа' и неговото 'тело'. Дека неговото тело "нема да се остави во пеколот" имплицира дека било таму за одредено време, т.е три дена, во кои телото му беше в гроб. Дека Христос отиде во 'пеколот' треба да е достатен доказ дека не е само место каде што одат злите.

И добрите и лошите луѓе одат во 'пекол', т.е в гроб. Вака беше Исус в "гроб со злодејци" (Иса.53:9). Во овој ред има и други примери за праведни луѓе кои одат во пекол,т.е в гроб. Јаков рече: "Со тага во адот ќе појдам" за својот син Јосиф (Бит.37:35).

Едно од Божјите начела е дека казната за грев е смрт (Рим.6:23; 8:13; Јак.1:15). Ние претходно покажавме дека смртта е состојба на целосна бесвесност. Гревот исходува во целосно уништување, не вечно мачење (Мт.21:41; 22:7; Мк.12:9; Јак.4:12), убедливо како што луѓето беа уништени со потопот (Лк.17:27,29) и како што Израелците умреа во пустината (1Кор.10:10). Во двете овие прилики грешниците умреа наместо да бидат вечно мачени. Затоа е невозможно дека злобните се казнети со вечност на свесно мачење и страдање.

Ние исто видовме дека Бог не го смета гревот, или вбројува во нашиот записник, ако не го познаваме Неговото Слово (Рим.5:13). Оние во оваа состојба ќе останат мртви. Оние кои ги знаеја Божјите побарувања ќе бидат воскреснати и судени по Христовото враќање. Ако се зли, дадената казна ќе биде смрт, бидејќи тоа е пресудата за грев. Затоа по доаѓањето пред судот Христов, ќе бидат казнети и потоа ќе умрат пак, за да останат мртви засекогаш. Тоа ќе биде "втората смрт", за која се говори во Отк.2:11; 20:6. Тие луѓе умреле еднаш, смрт со целосна бесвесност. Тие ќе бидат воскреснати и судени по враќањето Христово, и потоа казнети со втора смрт, која, како и првата, ќе биде целосна бесвесност. Таа ќе трае вечно. Во таа смисла казната за грев е 'за трајни времиња', во поглед на тоа, нема да има никаков крај на нивната смрт. Да се остане во смрт засекогаш е трајна казна. Еден пример каде што Библијата користи таков вид на изразување има во 5Мој.11:4. Ова го опишува Божјото еднопотезно уништување на фараоновата војска во Црвено море како едно вечно, уште-трајно уништување во тоа што односната армија никогаш повеќе не им додеваше на Израел, "ги потопи Он во водите на Црвеното Море... и Господ Бог ги погубува дури и денес".

Дури и во времињата на Стариот завет верниците разбирале дека ќе има воскресние во последниот ден, после кое одговорните зли ќе се вратат во гробот. Јов 21:30,32 е многу јасен: "Безбожникот... во денот на гневот се одведува настрана (воскреснува)... го спроведуваат до гробиштата и во гробот свој останува тој". Една од параболите за враќањето Христово и судот говори за ‘погубување’ на неговите непријатели во негово присуство (Лк.19:27). Ова тешко се вклопува во идејата дека злите постојат засекогаш во свесна состојба, и се постојано измачувани. Во секој случај, тоа би било донекаде неразумна казна- вечно мачење за дела од 70 години. Бог нема никакво задоволство да ги казнува злите; и затоа е за очекување дека Тој нема да наметнува казна на нив за вечност (Јез. 18:23,32; 33:11 ср. 2Пет.3:9).

Отпадничкото христијанство постојано го поврзува 'пеколот' со идејата на оган и мачење. Тоа е сосема спротивно на библиското учење за пеколот (гроб). "Тие се како овци положени во гробот (пеколот); смртта ќе се храни од нив" (Пс.48:14 (евр. текст)), имплицира дека гробот е место на мирен заборав. Во пркос тоа што Христовата душа, или тело, беше в пекол три дни, не претрпе распаѓање (Дела 2:31). Тоа ќе беше невозможно ако пеколот бил место на оган. Јез.32:26-30 дава слика за моќните воини на околните народи, мирно положени во своите гробови: "Паднатите (во бој)... јунаци, кои со убојното оружје се спуштија во бездната и ги ставија своите мечеви под главите свои... лежат и тие... со слегнатите во гроб". Ова се однесува за обичајот на погребувањето воини со нивното оружје, кое им се подметнуваше под главата. Сепак ова е опис на ‘пеколот’ гробот. Овие силници кои лежат мирно во пеколот (т.е. в гроб) тешко ја поддржува идејата дека пеколот е место на оган. Физичките предмети (пр. мечевите) кои одат во истиот ‘пекол’ со луѓето, покажува дека пеколот не е арена на духовно мачење. Така Петар му кажа на злиот човек, "Среброто твое нека загине заедно со тебе" (Дела 8:20).

Записот за искуствата на Јона исто противречи на ова. Беше жив проголтан од огромна риба, "Му се помоли Јона на својот Господ Бог од утробата на китот, па рече: Кон Господа повикав... извикав од утробата на пеколот" (Јона 2:1,2). Тука се споредува "утробата на пеколот" со онаа на китот. Китовата утроба беше всушност "покриено место" што е и основното значење на зборот 'шеол', преведен 'пекол'. Јасно, тоа не беше место на оган, и Јона излезе од "утробата на пеколот" кога китот го поврати. Ова посочи према воскресението Христово од 'пеколот' (гробот) - види Мт.12:40.

СИМБОЛИЧЕН ОГАН

Меѓутоа, Библијата често ја користи сликата на вечен оган за да го претстави Божјиот гнев поради гревот, кој ќе исходи во целосно уништување на грешникот во гробот. Содом беше казнет со "вечен оган" (Јуда 7), т.е. беше сосема уништен заради расипаноста на жителите. Денес тој град е во рушевини, нурнат под водите на Мртво море; на никој начин не е сега во оган, што е неопходно ако го подразбираме "вечниот оган" дословно. Слично на Ерусалим му се закануваше вечен оган од Божјиот гнев, заради гревовите на Израел: "ќе запалам оган пред портите негови, и тој ќе ги проголта куќите ерусалимски и нема да угасне" (Јер.17:27). Ерусалим по пророштво е главен град на идното царство (Иса.2:2-4; Пс.47:2), Бог не намераваше да го читаме ова буквално. Големите куќи во Ерусалим беа изгорени од оган (4Цар.25:9), но тој оган не продолжи вечно.

Слично, Бог ја казни земјата едомска со оган кој "нема да гасне ни дење, ни ноќе; и димот нејзин вечно ќе излегува, од род во род ќе остане запустена... буфови и гаврани ќе се населат во неа... дворците нејзини ќе обраснат со трње" (Иса.34:9-15). Бидејќи животни и растенија ќе постојат во уништениот Едом, јазикот за вечен оган мора да се однесува за гневот Божји и Неговото целосно уништување на местото, а не да се земе буквално.

Еврејската и грчката фраза кои се преведени ‘засекогаш‘ значат точно ‘за век’. Некогаш тоа се однесува буквално за бесконечност, на пример векот на царството, но не секогаш. Иса.32:14,15 е еден пример: "дворците ќе бидат оставени, шумниот град ќе биде напуштен... Додека не се излие врз нас Духот одозгора". Ова е еден начин за разбирање на 'вечноста' од 'вечниот оган'. Повторувано е поистоветувањето на Божјиот гнев заради гревовите на Ерусалим со оган: "се излива Мојот гнев и Мојата јарост врз ова место (Ерусалим)... ќе се разгори и нема да угасне" (Јер.7,20; други примери вклучуваат Плач 4:11 и 4Цар.22:17).

Огнот е исто така поврзан со Божјиот суд на грев, посебно по враќањето на Христос: "ете, ќе настапи ден, кој гори како печка; тогаш сите горди и оние кои постапуваат нечесно, ќе бидат како слама, и ќе ги изгори денот што иде" (Мал.4:1). Кога слама, или дури човечко тело, е изгорено од оган, се враќа во пепел. Невозможно е за некоја материја, поготово човечкото тело, да буквално гори засекогаш. Јазикот за ‘вечниот оган’ према тоа не може да се однесува за дословно вечно мачење. Еден оган не може да трае засекогаш ако нема што да гори. Треба да се забележи дека ‘пеколот’ е фрлен во "огнено езеро" (Отк.20,14). Тоа покажува дека пеколот не е исто што и "огнено езеро"; тоа претставува целосно уништување. Во симболичниот говор на книгата Откровение, ни е речено дека гробот ќе биде сосема уништен, бидејќи во крајот на милениумот нема да има повеќе смрт.

ГЕХЕНА

Во Новиот завет има два грчки збора преведени 'пекол'. 'Ад'- е еквивалент на еврејскиот 'шеол' за кој веќе говоревме. 'Гехена' е името на купот ѓубре што беше до Ерусалим, каде што градските отпадоци беа горени. Такви купишта ѓубре се типични за многу градови во развој денес (пр. 'Smoky Mountain' до Манила во Филипините). Како лична именка, т.е. име на место, требаше да остане непреведено како 'Гехена' а не да се преведува како 'пекол'. 'Гехена' е арамејски еквивалент на еврејскиот 'Гебен Хинон'. Кое беше сместено близу Ерусалим (Исус 15:8 (Еномова долина)), и во времето Христово беше градски отпад. Мртвите тела на криминалците беа фрлани врз пламените кои секогаш гореа таму, така да Гехена постана симбол на целосно уништување и отфрлање.

Повторно треба да се посочи дека она што беше фрлано врз тие огнови не остана таму засекогаш, телата се претворија во пепел. "Нашиот Бог (ќе) е оган, што изгорува" (Евр.12:29) во судниот ден; огнот на Неговиот гнев со гревот ќе ги уништи грешниците а не дека ќе ги остави во состојба да бидат само изгорени а сепак живи. Во времето на претходните пресуди Божји за израелскиот народ во рацете на Вавилонците, Гехена беше исполнета со мртвите тела на грешниците од Божјиот народ (Јер.7:32,33).

На свој мајсторски начин, Господ Исус ги здружи сите овие идеи од Стариот завет во својата употреба на зборот 'Гехена'. Тој често говореше дека оние кои се отфрлени од судот по неговото враќање ќе одат "во пеколот (‘Гехена’ грч. текст), во неизгасливиот оган, каде што нивниот црв не гине" (Мк.9:43,44). Гехена би ги забаела во еврејскиот ум идеите за отфрлање и уништување на телото, а видовме дека вечниот оган е идиом за претставување на гневот Божји со гревот, и вечното уништување на грешниците преку смртта.

Препораката "каде што нивниот црв не гине", е очигледно дел од истиот идиом за целосно уништување, непоимливо е дека би имало дословно црви кои никогаш не гинат. Фактот дека Гехена беше место на претходните казнувања на грешниците од Божјиот народ, понатака ја покажува склоноста на Христос да ја употребува фигурата на Гехена.


  Back
Home
Next