Основи наБиблијата
Студија 11: Животот во Христа
Вовед | Светост | Употреба на сила | Политика | Светски задоволства | Библиско проучување | Молитва | Проповедање | Живот во еклезијата | Кршење леб | Брак | Дружење | Прашања

11.2.1 УПОТРЕБА НА СИЛА

Ние живееме во свет каде преовладува гревот. Ние видовме во Оддел 6.1 дека човечките влади можат да се наречат 'ѓавол' бидејќи се организирани врз желбите на телото, библискиот 'ѓавол'.

Повторувана порака на Библијата е дека, краткорочно, гревот и семето на змијата ќе се чини дека триумфираат, додека после привременото страдање на разни начини, семето на жената конечно ќе биде оправдано. Од таа причина на верникот постојано му се заповеда "да не се противите на злото" (Мт.5:39; Рим.12:17; 1Сол.5:15; 1Пет.3:9).

Ние видовме дека злото е конечно допуштено и донесено од Бога (Иса.45:7; Амос 3:6 ср. студија 6.1). Делотворниот отпор кон злото значи борење против Бога. Затоа Исус ни заповеда физички да не се опираме на силите од злото: "Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот. А оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, дај му ја и горната облека" (Мт.5:39,40). Христос е примерот по тоа: "Грбот Свој го подметнав на оние што Ме биеја" (Иса.50:6).

Христовите зборови го поврзуваат законското спорење со активностите на светот кој е спротивен на верникот. Да се прави тоа е основен пример на отпор кон злото, и не би било направено од некој кој има цврста вера во Божјото ветување дека "Одмаздата е Моја. Јас ќе отплатувам- вели Господ" (Рим.12:19). "Не вели: Ќе му се одмаздам на непријателот, туку остави на Господа, Он ќе ти помогне" (Изрек.20:22 ср. 5Мој.32:35). Затоа Павле отворено ги укори Коринтјаните поради парничење (1Кор.6:1-7).

Во поглед на големината на нашата Надеж, ние не треба да сме толку загрижени за неправдите на сегашниов живот: "Смее ли некој од вас, кога има тужба против друг, да се суди... Не знаете ли дека светците ќе го судат светот?" (1Кор.6:1,2). Парничењето, било за земја било за бракоразводни постапки, треба значи да е незамисливо за вистинскиот верник.

За потиснување на силите на злото, како и за (во некои случаи) одржување на зли луѓе на власт, војнички и полициски сили се користат од човечки влади. Тоа се установени облици за отпор на злото, и поради тоа вистинскиот верник не треба да има никакво учество во нив. "Сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат" (Мт.26:52). Тоа го повторува едно многу рано Божествено начело: "кој ќе пролее крв човечка (намерно), и неговата крв ќе се пролее од човечка рака; зашто човекот го создадов според образот Божји" (Бит.9:6). Секое волно насилство против нашиот сожител е значи насилство против Бога, освен ако Тој не го одредил тоа.

За христијанското управување, ни е речено, "љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат" (Мт.5:44; Лк.6:27). Вооружените сили и полициските сили работат во изравна спротивност на овие начела и затоа вистинскиот верник ќе го избегне секое поврзување со нив. Дури и ако неизравно вклучен во извршувањето насилие, работењето во овие организации или вклученоста во служба поврзана со нив, е јасно непрепорачливо; всушност секоја служба која вклучува полагање заклетва на верност кон неа, ја заробува нашата совест од покорување на Божјите заповеди. Вистинските верници, биле поради тоа секогаш совесни противници на војничката и полициската служба во било кој облик, иако секогаш волни да прифатат алтернативна служба за време на национални кризи од што би им ползувал сожителот.


  Back
Home
Next