Основи наБиблијата
Студија 1: Бог
Постоењето на Бог | Личноста Божја | Божјото Име и карактер | Ангели | Цигресии (Бог е Дух, Употребата на Божјото Име, Божјо објавување) | Прашања

Осврт 3: Божјо објавување

Ова што следува нема да биде лесно да се сфати потполно на прво читање, но важноста на темата ќе биде појасна во продолжение на студиите. Ние го вклучуваме во овој момент за да оваа студија биде оставена со потполно разбирање на основната библиска објава за Самиот Бог.

Името Божјо може да го носи секој, преку кого Тој ќе одлучи да се 'објави' или открие. Па луѓе и ангели како и Исус можат да го носат Името Божјо. Ова е важно правило што ни открива толку многу од Библијата. Еден син поготово може да го носи името на својот татко; тој има одредени сличности со својот татко, може да го има истото лично име, но не е една и иста особа со својот татко. Така еден претставник на компанија може да говори од страна на компанијата, да телефонира некому деловно и да рече, 'ало, Unilever овде', тој не е г-дин Unilever, но го носи нивното име бидејќи работи за таа страна. Така исто беше и со Исус.

АНГЕЛИ ГО НОСАТ ИМЕТО БОЖЈО

Ни е кажано во Исх.23:20,21 дека Бог му рекол на Израел оти еден ангел ќе оди пред нив; "Моето име е во Него" им беше речено. Личното име на Бога е 'Јахве'. Па ангелот го носеше името на 'Јахве', и така можеше да се ословува со 'Јахве', или 'ГОСПОД' како што е преведен зборот 'Јахве' во N.I.V. и A.V. Ни е речено во Исх.33:20 дека ни еден човек не може да го види лицето на Бога и остане жив; но во Исх.33:11 читаме дека "ГОСПОД" (Јахве) зборуваше со Мојсеја лице в лице, како што човек зборува со пријател свој" т.е. на опуштен пријателски начин. Тоа не можеше да биде ГОСПОД, Јахве, Самиот лично, кој говореше со Мојсеј лице во лице, бидејќи ниеден човек не може да го види Самиот Бог. Тоа беше ангелот кој го носеше Божјото Име што го стори тоа, и така ние читаме за ГОСПОД кој говори лице во лице со Мојсеј кога тоа беше всушност еден ангел (Дела 7:30-33).

Има многу други примери на зборовите 'Бог' и 'ГОСПОД' кои говорат за ангелите како наспроти Самиот Бог. Еден јасен пример е Бит.1:26 "Потоа ре(коа ангелите) Бог: Да создадеме човек според Нашиот образ".

ЛУЃЕ СО БОЖЈОТО ИМЕ

Еден од пасусите кој е од најголема помош при изложувањето на се ова, е Јв.10:34-36. Овде Евреите ја направија грешката која многу таканаречени 'христијани' ја прават денес. Тие мислеа дека Исус вели дека тој е Самиот Бог. Исус ги исправи велејќи, "Не е ли пишано во вашиот закон Јас реков: богови сте? Ако Он ги нарече богови оние... на Оној ли вие велите: хулиш на Бога, дека реков Јас сум син Божји?" Исус всушност вели 'во Стариот завет луѓето се наречени 'богови'; јас само велам сум Син Божји; па зошто толку се вознемирувате?' Исус всушност цитира од Пс.81 каде што судиите на Израел се наречени 'богови'.

Како што е веќе кажано, целосното име Божјо на еврејски е "Јахве Елохим", кое значи 'Јас ќе бидам откриен во група на моќни поединци'. Вистинските верници се оние многу силни единки во една ограничена смисла во овој живот, а ќе бидат многу повеќе исполнети во царството. Сето ова е убаво покажано со една споредба на Иса.64:4 и 1Кор.2:9 "луѓето не слушнале, ниту примиле со уво, ниту окото видело, о Боже, покрај Тебе, што Тој има спремано за оној кој го очекува него" (евр. текст). Павле го цитира ова во 1Кор.2:9,10: "е напишано: што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна, нештата кои Бог ги приготви за оние кои го љубат Него. Но Бог нам ни ги откри тие преку Неговиот Дух" (грч. текст). Пасусот во Иса.64 вели дека никој освен Бог не може да ги разбере нештата што ги приготвил за верниците; но 1Кор.2:10 вели дека тие работи ни биле откриени; па така ние сме во една смисла 'Бог': не Самиот Бог лично, но една објава Божја како резултат што сме крстени во Неговото име и што ја знаеме Вистината.

ИСУС И ИМЕТО БОЖЈО

Не е за изненадување дека Исус, како Син Божји и Негова врвна објава на луѓето, треба исто да го носи Божјото Име. Тој можеше да рече "дојдов во името на Мојот Отец" (Јв.5:43). Поради својата покорност, Исус се вознесе на небо и Бог му "даде име, што е над секое име", името на Јахве, од Самиот Бог (Филип.2:9). Затоа ние читаме во Отк.3:12 како Исус вели "ќе го напишам над него (верникот) името на Мојот Бог... и Моето ново име". При судот Исус ќе ни го даде Божјото Име; ние тогаш потполно ќе го носиме Божјото име. Тој го нарекува тоа име, "Моето ново име". Запомни, Исус ја даваше книгата на Откровение некоја година по своето вознесение на небото и откако му беше дадено Божјото име, како што е објаснато во Филип.2:9. Па така може да рече за Божјото име "Моето ново име"; името што му беше неодамна дадено. Сега можеме исправно да го разбереме Иса.9:6, каде за Исус ни се вели "ќе Го наречат: Чудесни, Советник, Бог силен, Отец вечен". Тоа е пророштво дека Исус ќе ги носи сите имиња Божји, дека тој би бил целосната објава или откровение Божјо до нас. Во оваа смисла беше наречен 'Емануел', со значење 'Бог е со нас', иако тој лично не беше Бог.


  Back
Home
Next